На 17ти Јуни 2021, Internet Web Solutions и проектните партнери го одржаа првиот месечен состанок во рамки на проектот “S.O.S Creativity”, 24-месечен проект, ко-финансиран од Еразмус плус програмата на Европската комисија.
S.O.S. Creativity е дизајниран да го поддржи развојот на клучни ИТ компетенции за возрасни кои ќе им овозможат да ги употребуваат културните понуди и уметнички содржини достапни онлајн, истовремено зголемувајќки го нивното ниво на свесност кон потенцијалите и ризиците од интернет како што се: фишинг, измама, лажни вести, напад на приватност, клевета, итн. кои можат да произлезат додека се користат бесплатни содржини на веб-страни или правите плаќање за претплата за некои културни содржини или дури и кога барате е-книги за читање.
После официјалниот поздрав од координаторот и некои точки во однос на административни прашања, споделаната агенда за состанокот вклучуваше:
- преглед на статусот на ОЕР Платформата (https://www.soscreativity.eu )
- статус на Интелектуален резултат 2, извршени задачи до сега и следни чекори (Мапирање на културни ресурси и Извештај од активноста, како и Алатка за само-проценуавње)
- статус на активности за дисеминација и идни Соопштенија за јавност преведени и споделени на организациските канали за дисеминација
- дискусија за следниот Транснационален состанок во Септември
Овој Еразмус + проект ќе им даде можност на 8 партнери од Шпанија, Франција, Република Македонија, Белгија, Полска и Италија да продуцираат материјали бесплатни и лесни за употреба, кои ќе им овозможат на возрасните луѓе да имаат придобивки од културно-уметнички содржини на Интернет, ресурси и активности за безбедност и свесност за ризиците од навигација и преземање на такви ресурси.
Координаторот на проектот, Internet Web Solutions заедно со конзорциумот покажаа вистински ентузијазам во досегашната соработка при имплементацијата на проектните активности.