Во рамки на проектот S.O.S Creativity (Онлајн Безбедност за Креативност за возрасни ), ИРЗ организираше настан за дисеминација на проектот и проектните резултати. Настанот беше одржан во Тетово во три сесии на кои учествуваа вкупно 42 учесници: постари граѓани, граѓански организации активни на полето на социјална вклученост; публика заинтересирана за дигитални вештини и активно стареење итн.
Учесниците беа многу заинтересирани за проектот и резултатите од проектот кои придонесуваат за зголемена самодоверба за користење на интернет и за подобрување на дигиталните вештини кои обезбедуваат можности за постарите: комуникација со членовите на семејството и пријателите, помагајќи да се одржи активното стареење.
S.O.S Creativity е Еразмус+ проект финансиран од Европската комисија. Проектот е имплементиран во 6 држави: Шпанија, Франција, Северна Македонија, Белгија, Полска и Италија, од страна на осум проектни партнери. Главната цел на проектот е да ги зголеми дигиталните вештини на постарите лица во однос на сајбер безбедноста во областа на културата, да ја подобри нивната ИКТ и нивната културна писменост, давајќи им клучни вештини и мотивирајќи ги да учат и да бидат во тек со дигиталните технологии, и уште поважно, со помош на технологијата да им се отвори прекрасен свет на уметност и креативни ресурси, кои би можеле да ги подобрат нивните животи.
Повеќе информации за проектот DISK, можете да прочитате на проектната веб-страна: