S.O.S Креативност, Интернет Безбедност за креативност за возрасни
Институт за Развој на Задницата од Република Македонија е проектен партнер во Еразмус+ проектот, SOS Креативност, Интернет безбедност за креативност за возрасни.
Овој проект Еразмус + ќе им даде можност на 8 партнери од Шпанија, Франција, Република Македонија, Белгија, Полска и Италија да развијат бесплатни и лесни за употреба материјали кои ќе им овозможат на возрасните луѓе да имаат придобивки од културно-уметнички содржини на Интернет, ресурси и активности за безбедност и свесност за ризиците од навигација и преземање на такви ресурси.
Имплементацијата на 2-годишниот проект ќе им овозможи на партнерите да споделат иновативни и висококвалитетни можности за учење прилагодени на потребите на возрасните со ниски квалификации и вештини за решавање на заеднички предизвици, како што се: дигитални компетенции за возрасни, развој и вклучување преку креативност, уметност и благосостојба на возрасните луѓе.
ИРЗ како проектен партнер активно ќе придонесе за успешно спроведување на сите проектни активности: Интелектуални резултати, Мултипликативни настани, Дисеминација на проектот и проектните резултати. ИРЗ ќе биде водечки партнер и координатор одговорен за координација на процесот на дизајнирање и имплементација на Интелектуалниот резултат 4.