Национален настан за споделување на резултатите од проектот
ИРЗ организираше настан за споделување на проектни резултати од проектот „CreaS“ во Тетово, Македонија. Настанот се одржа во две сесии на 16.12.2025 и 17.12.2025 година, со присуство на 32 учесници со различни профили: постари лица, НВО-а активни во областа на социјална инклузија, членови на граѓански организации, заинтересирана јавност за креативност и активно стареење, итн. Главна цел на настанот беше промовирање на резултатите до поширока публика и споделување на ресурсите развиени во текот на имплементацијата на проектот „CreaS“.
Ко-финансирано од Европската Унија
Проектен број: 2023-1-LT01-KA220-ADU-000155789
За да бидете во тек со најновите вести, следете не на Facebook и посетете ја нашата веб-страница!
Учесниците покажаа голем интерес за проектот и неговите резултати, оценувајќи го настанот како многу корисен и ефикасен. Ги поттикнувавме да бидат мотивирани да ги користат материјалите на „CreaS“ во секојдневниот живот за да придонесат за активно стареење, како и да ги препорачаат овие материјали и ресурси на НВО-а, здруженија, лица кои работат со постари лица и едукатори, со цел да се придонесе кон инклузивен и креативен пристап во работата со постари лица.
„CreaS“ – Креативни Сениори, Биди активен, биди уметник, инспирирај ги другите – е Еразмус плус проект, финансиран од Европската Комисија. Проектот обединува 5 партнери од 5 држави: Литванија, Шпанија, Северна Македонија, Бугарија и Италија.
За повеќе информации за проектот „CreaS“:
https://www.creativeseniors.eu/
www.cdi.mk


