На 26-27 Јуни, 2024 се оддржа 5тиот и последен транснационален проектен состанок во рамки на проектот BI4SME. Партнерите разговараа за 3тиот Проектен Резултат (PR3), фокусиран на развивање и имплементација на онлајн курсеви. Клучните точки како распоредот на курсевите, поставките на платформата и развојот на ресурси беа завршени, а беа истакнати внатрешните тестирања, преводите и прилагодувањата. Пилот тестирањето заврши успешно со над 100 учесници кои го поминале курсот.
Повратните информации ги истакнаа техничките грешки, но главно имаше позитивни резултати. Следните чекори вклучуваа превод на материјалите на сите пет партнерски јазици и неколку мали промени на платформата.
Во погледот на дисеминација на веб-страниците на партнерите од септември 2023 до февруари 2024 година, имаа 5.829 посетители. LinkedIn страницата достигна број од 79 следбеници, 21 објава и 406 луѓе кои ги виделе овие објави.
Партнерите беа охрабрени да продолжат со дисеминација на социјалните мрежи за пошироко информирање.
Сесијата за одржливост го нагласи интегрирањето на BI4SME во партнерските организации, изготвувањето на Меморандум за заедничка посветеност и обезбедувањето одржливост на проектот после неговото завршување.
За повеќе информации посетете официјалната веб страница на проектот: https://bi4sme-project.eu/