Здружение ИРЗ во рамките на своите програмски активности, во соработка со организацијата Solare Zukunft од Германија, и со финансиска поддршка од Германската Фондација за заштита на животната средина (DBU) отпочна со реализација на програмата за помош и поддршка за формирање на енергетски задруги во Македонија.
Во текот на имплементација на проектот, предвидени се повеќе активности, како што се обуки за формирање на задруги, финансиска поддршка за формирање на енергетски задруги и инвестиции во соларни панели, консултации и студиска посета во Германија.
Главната цел на овој проект е да го поттикне учеството на граѓаните во енергетската транзиција преку формирање на енергетските задруги и користење на соларна обновлива енергија.
Во периодот од Јуни до Септември ќе бидат организирани 5 обуки во различни региони во Македонија на која што би присуствувале граѓани заинтересирани за формирање на енергетски задруги, и воедно ќе дадеме можност за учество на членови на совет на општини, медиуми и други заинтересирани. На овие обуки учесниците ќе имаат одлична можност да научат повеќе за концептот на енергетски задруги, како функционираат соларните централи, кои се придобивки и слично. Бројот на учесници е ограничен, и предност ќе имаат оние што први ќе се регистрираат.
Обуките ќе се одржат во следниве градови во Македонија: Скопје, Кочани, Струмица, Прилеп, Тетово. Краен рок за пријавување: До пополнување на групите.
Сите заинтересирани за учество во програмата може да одберат локација каде што би сакале да учествуваат преку регистрација на следниот линк: