Координаторот на проектот “EmploYouth” активно присуствуваше на настани и средби со сите заинтересирани компании кои би сакале да дадат свој придонес во рамките на проектот.
Со присуствувањето на тие настани координаторот директно се поврза со релевантни лица од компаниите кои понатаму ќе бидат дирекно инволвирани во овој проект.
Исто така овие настани се прилика да се научи кои вештини овие компании ги бараат од своите вработени за подоцна овие информации да се пренесат на младите лица кои ќе бидат вклучени во проектот.