На ден 26.09.2022, понеделник се одржа првата онлајн панел дискусија на кој учествуваа 9 лица. Оваа дискусија беше модерирана од Венхар Рамадани, искусен работодавач и менаџер на Телеграфи, Македонија. На оваа панел дискусија се дискутираше за различни аспекти на работничките права, вовед во работнички права, младински работнички права, работнички права на студентите, работнички права на млади родители, работнички права во време на Ковид-19 како и прекршување на работничките права и активните мерки за вработување.
Веднаш потоа модераторот побара од учесниците да споделуваат искуства за нивните предизвици на досегашни работни позиции, пракса, job shadowing и на кој начин би ги решиле овие предизвици. Од негова страна беа презентирани неколку случаеви на спорови, предизвици и незадоволства и како тие успеале да ги решат истите. Истовремено учесниците имаа прашања во врска со на кои институции и надлежни органи може да се обратат за да ги побараат нивните права во случај кога тие не се почитуваат.
Оттаму следеше дискусија во врска со улогата на државните органи, судството, народниот правобранител и другите институции за нивната важност и важноста за сите овие предизвици да се пријават и да се решат преку институционален пат. Следеше кратка дискусија во врска со работничките права во време на КОВИД пандемијата, новиот начин на работа односно работа од дома, онлајн состаноци и како овие нови принудни начини на работа влијаеа врз ефикасноста а воедно притисокот врз вработените и нивните права во овие околности.
Дискусијата заврши со потсетување дека во проектот е предвидена уште една онјалн панел дискусија, која ќе се одржи во следниот период