Дали сте млад човек кој сака да најде работа? Дали барате можност да стекнете вредно искуство, обука или дури и да обезбедите можност за работа? Тогаш сте на вистинското место!
Проектот “EmploYouth” се бори со невработеноста кај младите и бараме млади кандидати кои се страстни да направат промена во нивните и животите на другите. Проектот ќе обезбеди можност за младите да стекнат вредни вештини и искуство кои ќе им помогнат да обезбедат долгорочно вработување.
Бараме кандидати кои ги исполнуваат следниве критериуми:
- Млади лица од 16-29 години
- Невработени во или со завршен образовен процес
- Желба да стекнете нови вештини и искуство
Избраните кандидати ќе имаат можност да учествуваат во програми за менторство, job shadowing, обука или вработување врз основа на нивните вештини и интереси.
Исто така ќе се одржат неколку настани во рамките на проектот како:
- Mладинска работилница
- 2 Онлајн панели
- Тркалезна маса
- Саем за вработување
На овие настани младите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со работничките права, можностите на Агенцијата за вработување и потребите на работодавачите.
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од овој проект можете да не контактирате на нашата емаил адреса: info@cdi.mk