Невработеноста е главен проблем со кој се соочуваат младите денес. Со ограничени можности за работа и голема конкуренција, може да им биде тешко да најдат вработување. Овде доаѓа до значајот на проектот “EmploYouth”.
Проектот EmploYouth e финансиран од Youth Alliance, Крушево со поддршка од Фондацијата Ана и Владе Дивац, Србија.
Проектот има за цел да ја намали невработеност кај младите луѓе, обезбедувајќи им ги потребните вештини и ресурси за да дојдат до вработување и да успеат во нивните кариери. Исто така, проектот се залага за подобрување на информираноста на младите за вработување и работничките права како и активна вклученост на младите на пазарот на труд.
Младите ќе имаат можност за одблиску да се запознаат со работата преку можности за job shadowing, пракса во компании од нивни интерес. Целната група на проектот се млади невработени лица на возраст од 16 до 29 години, младински работници, бизнис сектор, агенцијата за вработување и граѓански организации.
Во рaмаките на овој проект се предвидени неколку настани:
- 1 Тркалезна маса помеѓу бизнис секторот, млади лица на возраст од 16-29 години, АВРСМ и НВО.
- 1 Младинска работилница за запознавање на малдите со работничките права
- 2 Панел дискусии за активни мерки и можности за вработување и самовработување
- 1 Мини саем за вработување
За повеќе информации околу проектот може да не контактираш на емаил адресата: info@cdi.mk