Здружение Институт за развој на заедницата , ИРЗ учествуваше на онлајн Kick-off состанокот во рамките на проектот “DISK : Дигитални вештини за Европа која старее” проект кофинансиран од Еразмус + програмата на Европската комисија
На 12 јануари 2021 година, ИРЗ учестуваше на онлајн Kick-off состанокот за дигитални вештини за Европа која старее , проект кој обединува осум партнери од шест земји (Белгија, Франција, Грција, Италија, Република Северна Македонија и Шпанија). Kick-off состанокот, чии домаќин е E-SENIORS: INITIATION DES SENIORS AUX NTIC ASSOCIATION, првично беше планиран во Париз, но беше презакажан да биде онлајн поради КОВИД-19 ограничувањата .
Како што се зголемува очекуваниот животен век, населението кое рапидно старее во Европа продолжува да расте . Според Евростат, едно од четири лица ќе има над 65 години до 2050 година.
Социјалните политики за стари лица во Европа често го занемаруваат доживотното учење, и покрај фактот што одржливоста на системите за социјална заштита се потпира на автономијата и учеството на заедницата на постарата популација. Бидејќи студиите покажуваат дека сетот на вештини се намалува со возраста, јасно е дека треба да се посвети поголемо внимание и ресурси на доживотното учење.
Покрај тоа, слабите вештини се поврзани со поголеми ризици од осаменост, изолација и социјална ексклузија, што пак се важни ризик фактори што можат да доведат до лошо ментално и физичко здравје кај постари лица, особено во отсуство на семејни врски или недоволна семејна поддршка .
Проектот “DISK” преставува конкретен одговор на оваа потреба, бидејќи има за цел да промовира активно стареење со охрабрување на постарите лица да усвојат низа добри практики за зачувување на нивното здравје преку употреба на нови технологии.
Дигитални вештини за Европа која старее ќе усвојат интерсекторски и родово чувствителен пристапи и ќе го искористат вредното искуство на своите партнери за да им обезбедат на старите лица иновативни и прилагодени можности за обука.
Особено, партнерите ќе ги извршуваат следниве активности:
- Развој на посебна ОЕР платформа достапна за сите, бесплатна, во целосен режим на отворен пристап и во повеќејазични верзии (EN, FR, GR, IT, MK, ES) каде што ќе се објави целата произведена содржина.
- Развој на високо интерактивни курсеви за е-учење за подобрување на меморијата и вештините за учење на старите лица, за да им се помогне да се запознаат со практични услуги како што се купување и резервирање преку интернет, итн. Со цел подобрување на нивните когнитивни способности и здравје, како и спречување на падот на нивните вештини и деменција
- Развој на упатства за олеснување на употребата на дигитални вештини за Европа која старее за да се одржат резултатите од проектот надвор од кофинансирање на Еразмус и да се прошири опсег на влијанија на истиот
Институт за развој на заедницата (ИРЗ), како проектен партнер активно ќе придонесе за успешна имплементација на проектните активности: интелектуални резултати, активности за дисеминација, итн. ИРЗ ќе биде главен парнер и координатор одговорен за координација на процесот за дизајн и импрелентација на интелектуален резултат 4 (IO4).
Повеќе инфорамции за проектот DISK и ИРЗ , може да прочитате на :