ПОВИК ЗА КОМПАНИИ
Повик за сите правни лица кои нудат практикантство, можности за вработување, следење работни позиции или имаат потреба од нови квалификувани кадри
ИРЗ Македонија – CDI Macedonia во партнерство со СОС Детско село, во рамките на проектот “Зајакнување на млади преку нови можности 2” ја проширува поддршката на младите во Тетово во социјален ризик при процесот на интеграција на пазарот на труд.
Сите правни лица кои нудат практикантство со можност за вработување или имаат потреба од работници, понуда на стручни курсеви, или правни лица за соработка со организацијата во рамки на проектот (помош и понуди и сл.) можат да допринесат за интеграција на младите од социјален ризик на пазарот на труд со тоа што ќе им дадат можност на истите да ги покажат своите квалитети за вработливост стекнати преку циклусот обуки за квалификација/преквалификација и градење на вештини во рамките на проектот.
ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ https://forms.gle/danxqCraKGeyXQQW8
За повеќе информации, контакт и пријавување:
cdi.elena.mk@gmail.com