Проектниот тим одржжа уште една средба каде се разговараа деталите за проектот и неговата улога во него. Членовите на тимот во детали го објанија проектот и ја објаснија целта и целите на проектот. Младинскиот тренер постави неколку прашања за подобро да ги разбере целите на проектот и предизвиците со кои би можеле да се соочат младите. Тој, исто така, ги сподели своите искуства и согледувања за работа со млади луѓе, истакнувајќи ја важноста од развивање на доверливи односи со нив.
Тимот разговараше за улогата на младинскиот тренер во проектот, кој вклучува обука и поддршка еден на еден со младите луѓе, каде младите ќе можат да ги развијат своите вештини, самодоверба и поврзување со потенцијалните работодавци.
По ова се потпиша и договорот за работа со младинскиот тренер, и се очекува во скоро време да започнат предвидените активности.