По завршени неколку средби со потенцијални кандидати за младински тренери во рамки на проектот “EmploYouth”, проектниот координатор направи состанок, за да го претстави на тимот избраниот кандидат. Проектниот координатор помина низ тежок процес на селекција за да го најде најдобриот младински тренер за проектот. По разгледувањето на неколку апликации и интервјуа со потенцијалните кандидати, тимот го избра Дрилон Салиу, младински тренер со долгогодишно искуство во работа со млади лица.
На состанокот се зборуваше за целите и потребите кои тимот ги бара од младинскиот тренер, и секако младинскиот тренер посочи што му е потребно за да актвиностите ги реализира успешно. Проектниот тим договори средба со младинскиот тренер за да разговара за деталите и неговата улога.
Состанокот заврши позитивно и проектниот тим беше задоволен од знаењата и искуствата на младинскиот тренер. Тимот беше уверен дека експертизата и искуството на Дрилон ќе помогнат да се направи значително влијание во животот на младите луѓе во вклучени во проектот.