Проектниот координатор почна со средби со потенцијални кандидати за позицијата тренер во рамки на проектот “EmploYouth”.
На состаноците беа објаснети деталите за проектот и целите што треба да се постигнат. Потенцијалните тренери исто така ја споделиле својата експертиза и искуство, особено во работата со младите и решавањето на проблемите со невработеноста.
Проектниот координатор ќе продолжи со средби и со други кандидати, од што потоа внимателно ќе ги оцени кандидатите, земајќи ги во предвид нивните искуства, вештини и знаења во ваков тип на проекти.