По завршувањето на младинската работилница која беше важен дел од овој проект, проектниот тим продолжи со планирање на останатите активности кои се се планирани во рамките на проектот.
Дел од планираните активности се тркалезна маса, онлајн панели и саем за вработување, преку кои ќе продолжи промоцијата на овој проект и неговите крајни цели.
Исто така, младинскиот тренер продолжи со индивидуални сесии со кандидатите веќе вклучени во проектот а истовремено стапи во комуникација со компании со кои претходно имавме потпишано меморандуми за соработка кои потенцијално би примиле дел од кандидатите на job shadowing и пракса.