Првиот транснационален состанок во рамки на проектот ECOWORK+ се одржа на 5 и 6 јули во Виена, Австрија, организиран од проектните партнери од Австрија (ESICA). Состанокот започна со презентација на проектот од страна на домаќинот, каде што беа распределени задачите меѓу партнерите.
Секој партнер ја претстави својата институција и капацитетите за имплементација на проектот. Главниот фокус на првиот ден беше Работниот Пакет 2 – Креирање на тренинг рамка и аудиовизуелни материјали, каде што беа дефинирани целите на проектот и планираните резултати, вклучително изработка на видеа, PPT презентации и инфографици. Дискутирано беше и за платформите за изработка на видеата, со препорака тие да бидат поделени на пократки сегменти за полесна употреба на социјалните мрежи.
Во рамки на Проектниот Пакет 3, партнерите од Албанија и Грција се задолжија за изработка на дигиталниот прирачник за млади, додека ПроектниотПакет 4 вклучувa креирање на комплет алатки за дигитална обука.
Вториот ден беше посветен на Работниот Пакет 1 – Проектен менаџмент и одржливост, каде што се дефинираа месечните состаноци, внатрешната и надворешната евалуација, како и изработка на извештаи и план за одржливост. Исто така, беа договорени клучните датуми за следните состаноци и мобилности, вклучувајќи го вториот проектен состанок во Турција, младинските мобилности, како и завршниот состанок во Македонија
Состанокот заврши со потврдување на задачите на партнерите и утврдување на следните чекори за успешна реализација на ECOWORK+ проектот
