Здружение ИРЗ во рамките на своите програмски активности, во соработка со организацијата Solare Zukunft од Германија, и со финансиска поддршка од Германската Фондација за заштита на животната средина (DBU) отпочна со реализација на програмата за помош и поддршка за формирање на енергетски задруги во Македонија.
Во текот на имплементација на проектот, предвидени се повеќе активности, како што се обуки за формирање на задруги, финансиска поддршка за формирање на енергетски задруги и инвестиции во соларни панели, консултации и студиска посета во Германија.
Главната цел на овој проект е да го поттикне учеството на граѓаните во енергетската транзиција преку формирање на енергетските задруги и користење на соларната обновлива енергија.
Во периодот од Јуни до Август беа организирани 5 обуки во различни региони во Македонија на каде што присуствуваа граѓани заинтересирани за формирање на енергетски задруги, и воедно им дадовме можност за учество на членови на совет на општини, медиуми и други заинтересирани. На овие обуки учесниците имаа можност да научат повеќе за концептот на енергетски задруги, како функционираат соларните централи, кои се придобивки и слично.
Последната обука во рамките на овој проект ќе се одржи во Охрид од 6ти до 8ми Октомври. Краен рок за пријавување: До пополнување на групата.
Сите заинтересирани за учество на обуката во Охрид треба да го пополнат формуларот на следниот линк.