Во рамки на проектот WISEs4Youth, ИРЗ ќе се одржи обука за социјално претприемништво за младинско вработување.
Социјално претприемништво за работна интеграција на млади се стреми да обезбеди можности за градење капацитети за млади лица, a истовремено да ги води низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво како модерен начин на самовработување.
Целта на Обуката е да се зајакнат компетенциите и капацитетите на младите; да научат повеќе за социјалното претприемништво предводено од млади и ќе обезбеди простор за прибирање и имплементација на нови идеи за социјални претпријатија.
Информации за обуката:
- Времетрање: 5 дена (3ти, 4ти, 5ти, 8ми и 9ти Мај)
- Локација: Во просториите на ИРЗ (Маршал Тито бр, 96 Тетово)
- Учесници: млади лица на возраст од 18 до 29 години.
Учесниците на обуката ќе имаат приоритет при изборот и вклучување во Студиски посети во: Србија, Албанија, Словенија и Хрватска.
Повеќе информации околу програмата ќе бидат испратени на лицата кои ќе се пријават.
Пријавувањето е најдоцна до 27.04.2023 на емаил: info@cdi.mk / cdi.marijana@gmail.com или на телефонскиот број 075 209 876