Во рамки на проектот ,,Зајакнување на младите преку нови можности 2″ ИРЗ отвара повик за учество на ОБУКА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА МЛАДИНСКО ВРАБОТУВАЊЕ.
Проектот го спроведува Институт за развој на заедницата во соработка со СОС Детско Село од Скопје, преку различни активности, проектот обезбедува можности за зајакнување на капацитетите кај млади лица со цел подобрување на можностите за вработување и активно учество на пазарот на труд.
Преку проектот ќе се одржи обука во период од два дена со цел да се зајакнат компетенциите и капацитетите на невработените млади лица за саморазвој и раст на полето на социјално претприемништво како модерен начин на самовработување и обезбедување на простор за нови идеи за социјални претпријатија, и неутрализирање и намалување на предизвиците во обидите кај младите лица од ранливи категории да основаат сопствено социјално претпријатие и во нивниот професионален раст и развој.
Информации за обуката:
Времетрање: 2 дена (25.11.2024 – 26.11.2024)
Локација: Во просториите на ИРЗ (Маршал Тито бр, 96 Тетово) – спроти зелениот пазар во Тетово
Учесници: невработени млади лица на возраст од 16 до 35 години
Учесниците ќе имаат можност да добијат материјали за работа, агенда, и програма за обуката.
Начин на пријавување:
Пријавете го вашето учество со пополнување на апликациската форма достапна на овој линк.
Пријавувањето е најдоцна до 20.11.2024-та до крајот на денот, односно приијавувањето ќе трае до исполнување на бројот на местата
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на cdi.elena.mk@gmail.com, info@cdi.mk, или на телефонскиот број 078 595 747.