Повик за учество во проект: „Поддржани услуги за вработување во Македонија – Дигитал Хаб“
Здружението ИРЗ Тетово, во рамките на своите програмски активности на проектот ,,Поддржани услуги за вработување во Македонија – Дигитал Хаб” нуди поддршка на најмалку 5 граѓански организации и/или активистички јадра кои даваат социјални услуги и работат на социјална вклученост.
Поддршката се состои во продукција на аудио-видео запис и уредување/монтажа соодветно на потребите за промоција и документирање на активностите на граѓанската организација или активистички јадра, со што ќе се обезбеди видливост на нивните активности во заедницата.
Материјалите кои што ќе бидат продуцирани ќе бидат емитувани на социјалните мрежи на месечна основа во период од 01.01.2021 до 30.09.2021.
Вашите пријави за учество ги очекуваме на следна адреса: cdi.elena.mk@gmail.com проследено со краток опис на активностите. Повикот е отворен до пополнување на предвидениот број за поддршка.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме да контактирате со Елена Серафимовска – Стојчевски на следниот телефонски број: 078-595-747 или горенаведената е-маил адреса.
Пријава за учество може да ја направите и преку пополнување на следната врска:
https://forms.gle/dRxwSgFKhubw9Jgj7