IRIS Мрежата објавува Повик за учесници за Регионалната Социјална Академија на тема „Унапредување на родовата еднаквост и човековите права на жените на Западен Балкан“, која ќе се одржи во Бечиќи, Црна Гора, од 12 до 15 мај 2025 година.
Академијата им нуди на учесниците уникатна можност да добијат разновиден пакет на обуки, кои ги интегрираат Пристапот заснован на човекови права (HRBA) со стратегии за родова еднаквост, обезбедување на услуги и механизми за заштита и зајакнување на жените. Учесниците ќе присуствуваат на четиридневна, специјално прилагодена обука со различни методологии на учење, вклучувајќи предавања, работилници, дискусии и теренски посети.
Сите информации и процедури за аплицирање може да ги најдете тука.
Крајниот рок за аплицирање е 11 април 2025 година, до 17:00 часот по средноевропско време. Сите апликанти ќе добијат информација за нивното прифаќање на Академијата најдоцна пет работни дена по истекот на рокот за аплицирање.
Успешните учесници ќе добијат сертификати и ќе станат дел од Alumni мрежата на Академијата. Регионалната Социјална Академија е дел од редовните програмски активности на IRIS и се организира секоја година.
За дополнителни информации моеже да не контактирате на cdi.zivorad@gmail.com
