Во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите и ангажман во политиката на давателите на услуги во заедницата – ИРИС Прогрес“, Институтот за Развој на Заедницата, Тетово објавува:
Повик за пријавување на практиканти
Програмата за практикантство е наменета за студенти на завршна година од студии кои сакаат да стекнат тримесечно практично искуство во граѓански организации – даватели на социјални услуги, членки на Мрежата ИРИС во Западен Балкан.
Цели на програмата
- Да обезбеди практична работа во граѓански организации – даватели на социјални услуги, членки на Мрежата ИРИС.
- Да се стекне увид во методологијата, добрите практики, стандардите за квалитет, и други релевантни теми поврзани со социјалната заштита и работа со ранливи групи.
- Да се примени стекнатото знаење од студиите во пракса и да се воспостави мрежа со луѓе и професионалци во областа.
Критериуми за аплицирање
- Студент на завршна година на студии по: Социјална политика, Социологија, Психологија, Дефектологија, Педагошки науки или други сродни професии поврзани со социјална заштита и услуги
- Добри комуникациски вештини
- Способност за тимска работа
- Мотивација за учество во програмата и стекнување практично искуство
- Достапност за практикантство најмалку 20 часа неделно во тек на три месеци
- Подготвеност за изработка на неделни кратки извештаи и фотографии за промоција на Мрежата ИРИС
Што нуди практикантството?
- Практична работа во организација членка на Мрежата ИРИС која обезбедува социјални услуги за ранливи групи.
- Вклучување во секојдневните активности на организацијата.
- Можност за примена на теоретското знаење во пракса.
- Запознавање со работата и потребите на специфични ранливи групи.
- Најмалку 20 часа практична работа неделно во период од три месеци.
- Месечен надоместок за оброци и патни трошоци.
Потребни документи за аплицирање
- Професионална биографија (CV) во Europass формат (максимум 1 страница)
- Мотивациско писмо (1 страница) со јасно наведени мотивацијата и очекуваните резултати од практикантството
- Препорака од професор или асистент од вашиот факултет.
Документите испратете ги на емаил адресата: cdi.zivorad@gmail.com
Критериуми за избор
- Апликациите ќе се оценуваат врз основа на доставената документација.
- Во мотивациското писмо наведете:
- Како практикантството ќе влијае на вашиот професионален развој
- Како ги исполнувате образовните и личните компетенции наведени во повикот
Секој практикант ќе добие месечен надоместок за покривање на локални патни трошоци и оброци.
Краен рок за пријавување: 11 Јули, 2025 година до 17:00 часот.
Ако имате дополнителни прашања слободно контактирајте не на емаил адресата: cdi.zivorad@gmail.com, или на телефонскиот број 071 319 316.
