Здружение Институт за развој на заедницата Тетово – Македонија, во соработка со партнерите Здружение Центар за демократска иницијатива од Белград – Србија и Здружение Алфа центар од Никшиќ – Црна Гора, во рамките на мрежата Самаритан Интернационал, го организираат 9-тиот по ред Самаритан натпревар за прва помош со натпреварувачки карактер за млади.
Годинава настанот ќе биде организиран во Жабљак, Црна Гора од 18 до 21 Јули 2024 година. Работни денови се од 18 до 21 Јули, додека денови за патување се 17 и 22 Јули 2024 година.
Активностите на кој што се очекува да учествуваат над 100 млади лица од повеќе земји од Европа, вклучуваат теоретски тест за прва помош, практичен дел од натпреварувањето, креативен дел, и свечен настан на последниот ден од натпрварот.
Ова претставува единствена можност за учесниците да научат повеќе за прва помош, да се дружат и да разговараат со свои врсници од Европа и да создадат нови пријателства.
Учесниците ќе бидат придружувани од ментори и од медицински лица, и за тоа ќе бидат дадени дополнителни информации.
Сите трошоци за пат, патничко осигурување, храна и хотелско сместување ќе бидат надоместени од страна на организаторот.
Основни критериуми
Групите ќе бидат формирани соодветно на возраста, поделени во две категории:
а. Група А: Три (3) лица од 12 до 15 години, со дополнително возрасно лице како придружба
б. Група Б: Пет (5) лица од 15 до 21 години, со дополнително возрасно лице како придружба
Пoкрај другото, учесниците треба да имаат основно познавање од Англискиот јазик, додека возрасните лица како придрижба треба да имаат напредно познавање на Англискиот јазик.
За учесниците, пред патувањето, ќе биде организиран почетен курс за прва помош од страна на Приватна Здравствена Установа Mедика Центре Тетово.
Сите заинтересирани може да се пријават преку формуларот на следнава врска.
Краен рок за пријавување: 5 Март 2024 година.
Доколку Ви се потребни дополнителни инфромации, Ве молам да контактирате со Горан Крстески на следниот телеофнски број: 072-243-104 и електронска пошта: cdi.goran@gmail.com