ИРЗ Македонија – CDI Macedonia во партнерство со СОС Детско село, во рамките на проектот “Зајакнување на млади преку нови можности” ја проширува поддршката на младите во Тетово и реонот на Тетово во социјален ризик при процесот на интеграција на пазарот на труд.
Сите правни лица кои нудат практикантство со можност за вработување или имаат потреба од работници можат да допринесат за интеграција на младите од социјален ризик на пазарот на труд со тоа што ќе им дадат можност на истите да ги покажат своите квалитети за вработливост стекнати преку циклусот обуки за квалификација / преквалификација и градење на вештини во рамките на проектот.
Заинтересираните правни лица можат да станат дел од проектот со пополнување на формуларот ТУКА.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молам да контактирате со нас на e-mail: cdi.project1@gmail.com
Телефонски број:📞 075-209-876
Лице за контакт: Маријана Аризанкоска, Дрилон Салиу