Во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите и ангажман во политиката на давателите на услуги во заедницата – ИРИС Прогрес“, Институтот за Развој на Заедницата, Тетово, објавува:
Повик за пријавување на организации за прием на практиканти
Ги покануваме сите организации членки на Мрежата ИРИС кои се даватели на социјални услуги за учество во Програмата за практикантство.
Цели на програмата
- Да се овозможи практична работа на студенти во граѓански организации – даватели на социјални услуги.
- Да се поддржи размена на знаење, искуства и добри практики во областа на социјалната заштита.
- Да се зајакнат капацитетите на организациите преку вклучување на млади и мотивирани практиканти.
Критериуми за учество на организации
- Да бидете активна членка на Мрежата ИРИС и да обезбедувате социјални услуги за ранливи групи.
- Да обезбедите работна средина каде што практикантите ќе можат да се вклучат во секојдневните активности и ќе имаат можност да применат теоретско знаење во пракса.
- Да обезбедите супервизија и поддршка за изработка на извештаи и фотографии од страна на практикантите за промоција на Мрежата ИРИС.
Што нуди програмата за организациите?
- Можност за вклучување на мотивирани студенти од областа на социјална политика, социологија, психологија, дефектологија, педагогија и сродни професии.
- Поддршка во процесот на административна организација на практикантите.
- Покриен надоместок за практикантите од страна на Институтот за Развој на Заедницата
Потребни информации за пријавување
За да се пријавите, потребно е да испратите:
- Опис на можните задачи и активности во кои би биле вклучени практикантите.
- Име и контакт на лице одговорно за менторирање на практикантите.
- Потврда дека организацијата може да обезбеди минимум 20 часа неделно менторирање во тек на три месеци.
Краен рок за пријавување
Ве молиме испратете ја вашата пријава најдоцна до 11 Јули, 2025 година до 17:00 часот на емаил адресата: cdi.zivorad@gmail.com
Критериуми за избор на организации
- Релевантност на организацијата и нејзините активности за практикантската програма.
- Јасно дефинирани задачи и можности за учење за практикантите.
- Капацитет за менторирање и супервизија.
За сите дополнителни информации, контактирајте нè на: cdi.zivorad@gmail.com
Вклучете се и помогнете во развојот на идните професионалци во областа на социјалната заштита!
