Во рамки на проектот “EmploYouth ќе се одржи онлајн панел дискусија на тема “Запознавање на младите со работничките права”. На оваа панел дискусија ќе се дискутира за различни аспекти на работничките права и тоа: вовед во работнички права, младински работнички права, работнички права на студентите, работнички права на млади родители, работнички права во време на Ковид-19 како и прекршување на работничките права и активните мерки за вработување.
Овој онлајн панел ќе се одржи на ден 26.09.2022, понеделник со почеток во 13 часот.
Ако сакате да се пријавите и да бидете дел од оваа панел дискусија и да научите нешто повеќе за работничките права, можете слободно да не контактирате на нашата емаил адреса: info@cdi.mk