На 11 јули 2024 година, во Скопје се одржа настан во склоп на Балканскиот караван во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите и ангажманот во политиката на давателите на социјални услуги во заедницата” во организација на Здружението Институт за Развој на Заедницата (ИРЗ) Тетово, во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Центарот за Младински Активизам – КРИК
Настанот се оддржа во форма на мини фестивал за човекови права под капата на Балканскиот караван се одржува низ земјите на Западен Балкан и трае шест дена. Самиот караван вклучува улични акции, работилници, презентации како и културно-забавна содржина. Караванот започна на 8 јули во Мостар, продолжува на 9 јули во Никшиќ, 10 јули во Елбасан, а после настанот во Скопје, завршните денови се 12 јули во Приштина и потоа 13 јули во Нови Пазар.