Младинскиот тренер учествува во подготовките за првата Онлајн панел дискусија, но притоа продолжува со индивидуални сесии со кандидати и контактирање на нови потенцијални млади кои би биле дел од проектните активности.
Тој ја сподели веста за првата Онлајн дискусија на сите кандидати кои се веќе вклучени во проектот и би сакале да бидат дел дискусија, каде би се запознале со работничките права, предизвиците, последиците од пандемијата итн.
Исто така тренерот остана во близок контакт со некои од компаниите каде потенцијалните кандидати би го извршиле процесот на џоб шадовинг и пракса.