Младинскиот тренер на проектот “EmploYouth” одржа уште неколку сесии со кандидати а во меѓувреме врши мониторинг на кандидатите кои се веќе испратени на job shadowing и пракса во копмании од нивен интерес.
Исто така младинскиот тренер пишува извештаи за кандидати кои веќе го завршуваат процесот на job shadowing и пракса.
Во меѓувреме младинскиот тренер помага во планирањето на активностите кои следат и се планирани да бидат организирани во почетокот на месец декември.
Ако сте заинтересирани да бидете дел од проектот и проектните активности може да ја погледнете нашата веб страна или да не контактирате на нашата емаил адреса: info@cdi.mk