Младинскиот тренер на проектот “EmploYouth” одржа неколку индивидуални сесии со кандидати вклучени во проектот. Веќе неколку лица беа испратени во компании на job shadowing и пракса, а некои добија и вработување.
Младинскиот тренер продолжи со индивидуални сесии и контактирање на уште заинтересирани млади кои би сакале да бидат дел од актвиностите на проектот.
Исто така, младинскиот тренер на кандидати им соопшти и за онлајн панелот кој ќе се одржи на 26.09, понеделник, каде младите би дознале повеќе за работничките права, мерките од Агенцијата за вработување, последиците од Ковид пандемијата итн.