Младинскиот тренер направи посета на неколку од компаниите каде младите се пратени на job shadowing и пракса. Младинскиот тренер сакаше одблиску да се запознае со работата на младите во компаниите каде тие беа препорачани. Исто така тој разговараше со претставници на компаниите за тоа каков е напредокот на младите, дали редовно доаѓаат и дали работат според дадените иснтрукции.
Ова ќе помогне на самиот тренер да направи некои промени во пристапот и секако да го подготви извештајот за секој кандидат.
Исто така младинскиот тренер ќе продолжи со работа со нови кандидати кои покажаа интерес за проектот.
Ако и вие сакате да бидете дел од проектот, може да се пријавите на нашата емаил адреса: info@cdi.mk