Младинскиот тренер работи на индивидуални сесии со кандидатите во проектот, а во меѓувреме веќе договори неколку средби со нови кандидати кои се пријавиа и кои сакаат да бидат дел од проектот, сакаат да ги зајакнат своите вештини и сакаат да дојдат до вработување.
Исто така младинскиот тренер стапи во контакт со неколку компании, кои би биле во можност да примат млади луѓе кои би го поминале процесот на џоб шадовинг или пракса, а можеби подоцна и би дошле до вработување.