Проектот Erasmus+ MigrArts: интегрирање на мигрантите преку уметност и култура има за цел да ја подобри интеграцијата, вклучувањето и еманципацијата на мигрантите земајќи ги предвид нивните културолошки права, на локално, национално и европско ниво. Во контекст на растечкиот национализам и зголемената безбедносна реторика во Европа, се чини повеќе од неопходно да се промовира инклузивна Европа која е силна во својата различност. Културата и уметноста се суштински вектори за промовирање на различноста, хуманоста и универзалноста на плуралните компоненти на нашите општества и меѓукултурниот дијалог.
MigrArts е координиран од La Ligue de l’enseignement (Франција) во партнерство со Arci (Италија), Центарот за мировни студии (Хрватска) и Институт за развој на заедницата (Северна Македонија).
Оваа методолошка рамка се однесува на сите социо-културни професионалци кои сакаат да дизајнираат и имплементираат уметнички и културолошки проекти кои ги почитуваат културолошките права на мигрантите. Документот ќе биде приспособен и финализиран, според теренските проценки што ќе се направат на крајот од експериментите, во форма на практичен водич „за инклузивен и еманципаторски пристап кон мигрантите преку културни и уметнички активности“ понатаму во проектот.
Методолошката рамка вклучува преглед на европската и националната рамка на политики во врска со интеграцијата на мигрантите преку уметноста и културата. Потоа, предлага неисцрпна дефиниција на концептот на културолошките права, како и примери на најдобри практики во врска со културолошките и уметничките проекти кои ги почитуваат културолошките права на мигрантите. Конечно, вклучува листа на критериуми за да се обезбеди почитување на културолошките права во рамките на експерименталните проекти и методи за да се обезбеди квалитативна евалуација.
За повеќе информации можете да го погледнете следниот документ