Во рамките на проектот “EmploYouth”, како и за сите останати проекти на кои работи Институтот за развој на заедницата, беа користени платформите на социјалните медиуми како LinkedIn, Instagram и Facebook за на тој начин да се допре до сите релевантни и заинтересирани институции и компании кои можеби се заинтересирани да вработуваат млади лица.
Во денешно време, социјалните медиуми се многу важен, а воедно и ефективен, фактор за остварување конекции помеѓу сите засегнати страни. И затоа ние како организација се трудиме да ги вклучиме во сите наши проекти и настани.