На 24.10.2023 во канцеларијата на ИРЗ-Тетово се одржа информативна сесија во рамки на мрежата ИРИС.
Целта на оваа сесија беше организациите членките на мрежата да ги доближиме чекор поблиску до грантирањето кое се спроведува во рамки на мрежата и на кое можат да аплицираат само нејзите постоечки членки.
Воедно ова беше убава прилика за членките одблиску да се запознаат меѓу себе и да се изградат темели за идно заедничко дејствување за подобрување на социјалните услуги во Македонија.