Цел на мрежата ИРИС е да се зајакне капацитетот на граѓанските организации за тие подоцна да влијаат врз процесот на донесување одлуки за заштита на човековите права и политиките за антидискриминација на маргинализираните групи во регионот на западен балкан.
Мерки за поддршка:
- Кластер 1. Зајакнување на мрежата ИРИС
- Кластер 2. Влијание врз политиката и подигање на свеста
Целни групи:
- повеќе од 220 даватели на услуги, граѓански организации/активисти за човекови права во западен балкан
- најмалку 18 министерства задолжени за политики за социјална заштита, заштита на човековите права и европска интеграција;
- до 10 000 маргинализирано население (роми, жени жртви на насилство, лица со попреченост, мигранти/бегалци, млади во ризик)
- најмалку 120 владини институции: Центрите за социјална заштита, Националните служби за вработување, Народните правобранители, Социјалните совети итн.
- најмалку 60 единици на локалната самоуправа
- Институциите на ЕУ и засегнатите страни вклучени во процесите на приближување,
- 12 студенти од 6 Факултети за општествени науки во западен балкан,
- 1 милион луѓе од општата популација,
- Медиуми
Очекувани резултати:
- Стандардна оперативна процедура на ИРИС мрежата
- 30 членови на ИРИС обучени за спроведување на родова интеграција,
- 500 членови на мрежата кои би учествувале на 19 регионални и национални состаноци за мрежата,
- 12 граѓански организации поддржани преку грантови, 24 вработени од граѓански организации кои добиваат грантови обучени за управување со проекти, видливост и пристап заснован на човекови права (HRBA) во обезбедувањето социјални услуги,
- Најмалку 30 граѓански организации кои би добиле поддршка во лиценцирање и управување со квалитетот,
- најмалку 90 учесници образовани на 3 социјални академии,
- 12 студенти кои ќе добијат практична обука во локални граѓански организации,
- Изработена Регионална студија, и спроведување 18 сесии на граѓански дијалог во 6 земји од западен балкан,
- Развиен регионален извештај со препораки,
- 80 претставници на ЕУ, национални, локални власти и ГО за работа за заеднички регионални акции,
- најмалку 1200 луѓе кои би биле дел од Балканскиот Караван,
- најмалку 1 милион луѓе информирани преку кампања за подигање на свеста.
За повеќе информации може да ја посетите официјалната веб страна на мрежата ИРИС