Здружение ИРЗ Тетово учествуваше на втората меѓународна средба на партнери во рамките на проектот “ДИСК – Дигитални вештини за Европа која Старее”
Здружение Институт за развој на заедницата Тетово, во рамките на проектот ДИСК, кофинансиран од програмата Еразмус Плус на Европската комисија, на 24 Јуни 2022 година учествуваше на средбата на проектни партнери одржана во Пескара, Италија, на која што домаќин беше Италијанскиот партнер ИДП. Проектот вклучува вкупно 8 партнери од 6 земји и тоа: Франција, Италија, Белгија, Шпанија, Грција и Македонија.
Главната цел на средбата беше да се анализираат предвидените проектни резултати со број 1, 2 и 4, напредокот на подготовката на платформата со отворени ресурси за учење на интернет, како и да се утврдат крајни рокови за тестирање и валидација на истата кое што ќе вклучува учество и на партнерите и на целната група. Во однос на проектниот резултат број 4, проектните партнери ги утврдија следните чекори и временската рамка за тестирање и валидација. Во овој дел, Здружение ИРЗ посочи свои предлози за содржината и за задачите кои што треба да се реализираат, и сите партнери дефинираа акциски план за следните месеци.
Социјалните политики на Европските земји поврзани со стари лица најчесто ја занемаруваат потребата од доживотно учење, наспроти фактот дека одржливоста на социјалниот систем се потпира на активното учество на старите лица во заедницата. Истражувањето кое што беше спроведено во рамките на проектот, покажа дека со текот на времето, дел од вештините кај старите лица полека исчезнуваат. Тоа упатува на фактот дека треба да се обрне повеќе внимание и ресурси за доживотно учење.
Недостатокот на вештини се поврзува и со зголемен ризик од осаменост, изолација и социјална исклученост, кои што од друга страна се ризични фактори за ментално и физичко здравје на старите лица. Тоа особено доаѓа до израз при отсуство на членови на семејствата од непосредното опкружување, или недоволна семејна поддршка.
Проектот Дигитални Вештини за Европа која Старее цели да промовира активно стареење и ги охрабрува возрасните да прифатат добри практики со цел да го зачуваат нивното здравје преку користење на нови технологии.
За повеќе информации во врска со проектот како и за други иницијативи, Ве молиме да ги посетите следните страници:
www.diskproject.eu
www.cdi.mk
https://www.facebook.com/irztetovo