Здружение Институт за развој на Заедницата (ИРЗ) ќе функционира како контакт точка за мрежата IRIS во Македонија, и во рамките на активностите, ќе превземеме обврска за координација и соработка меѓу сите засегнати страни, зајакнување на мрежата и колективното влијание во регионот.
Како дел од оваа нова улога, ИРЗ во наредните 3 години ќе биде примарен контакт за прием на нови апликации за членство од Македонија заинтересирани да се приклучат на мрежата IRIS, како и за ажурирање на списокот на досегашните членки. Притоа, ќе вложиме напори сите постоечки и нови членки да добијат потребна поддршка за зајакнување на капацитетите и активно да бидат вклучени во предвидените активности.