Здружение Институт за развој на заедницата Тетово објавува повик за ангажирање на специјалист за градење на капацитети на млади лица во социјален ризик, за потребите на проектот „YEEP – Зајакнување на млади преку нови можности 2“, финансиран од БМЗ- Федерално Министерство за економска соработка и развој- Германија, а го спроведуваат СОС Детски села во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија со поддршка од локални партнери.
Цел на проектот: Проектот “Yeep” – “Зајакнување на млади преку нови можности 2” има за цел да придонесе кон зајакнување на младите во социјален ризик и да им го олесни пристапот до пазарот на трудот.
Опис на работен ангажман
- Обезбедување на поддршка и јакнење на капацитетите на млади лица на возраст од 16 до 35 години;
- Одржување на обуки согласно методологија за животни вештини, вработиливост и советување;
- Учество во изготвување на индивидуален развоен план на младите лица вклучени во проектот;
- Кариерно советување на млади во социјален ризик вклучени во проектот;
- Помага при процесот на интеграција на младите на пазарот на труд;
- Зема активно учество на обуки, настани и активности на вмрежување и соработка.
Очекувани резултати:
- Обезбедена поддршка и зајакнати капацитети за вработливост кај на млади лица вклучени во проектот;
- Олеснет пристап до практиканство и интеграција на пазарот на труд на млади лица вклучени во проектот.
Потребни квалификации:
Општи:
- Завршено образование во областа на социјалната работа, социјалниот менаџмент или психологија/социологија и идеално професионално искуство во активните мерки за вработување како и подготвеност за доустручување во Управување со случаи (case management) што е еднакво на дообразување засновано на меѓународно признати правилници.
- Да е државјанин на Република Северна Македонија
- Одлично познавање на македонски јазик
- Одлично поздавање на компјутерско работење
- Искуство во советување и поддршка на млади жени и мажи не е задолжително и истото ќе се смета за предност.
Стручни и материјални компетенции/Познавања на:
- на животната ситуација на целната група
- типичните проблеми на целната група и можностите таа да добие поддршка
- актуелната политичка ситуација во општеството
- актуелната состојба на пазарот на труд и мерките за вработување
- закони за млади и за социјални права
- установи за младите: училишта, агенција за вработување и сл.
- специјални целни групи како младинци со попреченост и НЕЕТ
- основни познавање во бизнис економијата, како познавања за актуелните случувања во стопанството и бизнис тековите како и структурите во претпријатијата ќе се смета за предност.
Методски компетенции:
- Компетенција за планирање: дизајн на индивидуалните процеси за планирање на професија како и развој на акциски план заедно со младото лице
- Компетенција за дијагностика: реализирање на анализа на компетенции и проценка како и креирање на професионални профили.
- Компетенција за аквизиција: аквизиција на работни места и практикантски места во претпријатија на најразличен начин.
- Компетенција за економска анализа на работното место: креирање на профили на барања како и анализа на работното место.
- Компетенција за тренирање и насочување
- Компетенција за кризна интервенција
- Компетенција за дизајнирање на соодветни форми на поддршка.
- Компетенција за презентација и водење настан
- Управување со време (ефикасно и ефективно користење на временските ресурси)
- Управување со информации (ефективно препраќање и документирање на информации)
- Управување со квалитет (обезбедување и развој на квалитет во работата)
Социјални компетенции:
- Способност да се комуницира со луѓе во различни контексти и да се стапува во контакт со различни лица
Маркетинг компетенција:
- Може да се презентира себе си, другите и причината за контактот.
Компетенција за советување:
- Советување, независно од полот, попреченоста, етничката припадност и сл., покажување интерес и посветеност кон лицето, препознавање на неговите потреби и дејствување во насока на наоѓање решение.
Компетенција за преговарање.
- Преговарање, уверување, застапување интереси, склучување спогодби.
Компетенција за вмрежување
- Да остварува контакт меѓу различни лица и да гради мрежи.
Временска рамка за ангажманот:
Специјалистот за градење на капацитети ќе биде ангажиран во периодот од 15 март 2023г до 14 март 2026г (24 месеци) на пола работно време од 20 часа неделно односно 4 часа на денот.
Ангажираното лице задолжително ќе помине обука во првата половина на март за спроведување на активностите според методологија која се користи во рамки на проектот.
За оваа работна позиција предвиден е бруто паричен надоместок од 520 евра во денарска противвредност.
Активностите на тренерот во сите фази на ангажманот ќе се развиваат во непосредна соработка со одговорните лица од Здружението Институт за развој на заедницата – Тетово.
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:
- Мотивациско писмо
- Кратка биографија
- Доказ за завршено високо образование во областа на социјалната работа, социјалниот менаџмент или психологија/социологија
Краен рок и услови за аплицирање:
Документите со назнака/предмет на пораката YEEP 2: Јавен повик за ангажман испратете ги на адресата info@cdi.mk или лично во канцелариите на Здружението Институт за развој на заедницата – Тетово на ул. Маршал Тито 96, 1200 Тетово најдоцна до 26 февруари 2024, до 16:00 часот.
За повеќе информации можете да не контактирате на 075-209-876 или cdi.marijana@gmail.com
Лице за контакт:Маријана Аризанкоска
Сите кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите по електронски пат во рок од 4 дена по затворање на конкурсот.