Откако беа избрани 5 организации од ИРИС мрежата во Република Северна Македонија, а подоцна и ментор кој ќе ги води низ процесот на менторство за да ги лиценцираат своите социјални услуги, започнаа и првите контакти со организациите.
Најпрво, организациите беа известени од страна на Институтот за Развој на Заедницата, нивните контакти беа проследени со менторот, кој го превзеде процесот и ќе ја продолжи комуникацијата со истите.
Процесот на менторство трае 10 месеци, и се очекува успешно да заврши во Февруари 2025 година.