Во рамките на проектот “EmploYouth” беа предвидени неколку активности, а една од нив е Младинска работилница. Проектниот тим ќе започне со планирање на работилницата чија главна цел е запознавање на младите со работничките права.
Проектниот тим сака на оваа работилница да вклучи млади лица, претставници на компании кои веќе имаат соработка со организацијата и претставници од Агенцијата за вработување. Ова би била можност за младите да се запознаат со работничките права, можностите кои ги нуди Агенцијата за вработување и потребите на комапниите.
Исто така претставниците од Агенцијата за вработување ќе увидат кои се предизвиците и потребите на младите при барањето на работа.
Работилницата е планирана да се одржи во средината на месец Август.