Проектниот тим започна со подготовки на тркалезната маса во рамки на проектот “EmploYouth”. За оваа тркалезна маса е предвидено да присуствуваат претприемачи и претставници на Агенцијата за Вработување за да се овозможи дискусија, која би помогнала на младите лица да ја согледаат реалната состојба и потребите на работодавачите, како и консултации со самите работодавачи.
Овој настан е предвиден да се одржи во почетокот на месец Декември.
За да бидете во тек со активностите и претстојните настани може да не следите на нашата веб страна или да не контактирате на нашата емаил адреса: info@cdi.mk за повеќе информации.