Основната цел и приоритет во овој проект е зголемување на флексибилноста на можностите во стручното образование и обука и зголемување на атрактивноста на СОО.
За работодавците, стажирањето треба да биде рентабилно средство за да се осигури дека новите стажанти ги имаат потребните знаења и вештини. Ефективното стажирање мора да биде привлечно за студентите, работодавачите и општеството.
Прилагодувањето на СОО на потребите на пазарот на трудот е исто така суштински приоритет во проектот. Европските работодавци во многу случаи имаат искуство со национални договори за стажирање, но се соочуваат со нови предизвици кога вработуваат странски студенти за стажирање кои се здобиле со нови формати непознати за нив.
Има случаеви кога се губат можности поради разликите во законодавството и недостатокот на информации за различните процедури.
Ова е исто така начин да македонските законодавни тела се запознаат со придовиките од стажирање во земјите низ Европа и истите да ги направат по пристапни за македонските студенти.