На 16 декември 2022 година, ИРЗ учествуваше на финалниот партнерски состанок во рамки на проектот DISK, проект кофинансиран од програмата Еразмус плус на Европската комисија, која обединува 8 партнери од 6 земји (Франција, Италија, Белгија, Шпанија, Грција, Република Северна Македонија). Состанокот се одржа во Брисел, во организација на белгискиот партнер IHF.
Проектот Дигитални вештини за стареење на Европа е конкретен одговор на потребите за подобрување на дигитални вештини на возрасни луѓе, бидејќи има за цел да го промовира активното стареење преку охрабрување на постарите да усвојат низа добри практики за зачувување на нивното здравје преку употреба на нови технологии.
Главна цел на состанокот беше да се оцени целокупното управување и имплементација на проектот, резултатите од проектот и влијанието на резултатите од проектот врз целните групи на проектот. Состанокот, исто така, претставуваше можност да се направи преглед на активностите за дисеминација и мултипликативните настани што ги одржаа проектните партнери.
Влијанието и повратните информации дадени на крајот од состанокот се многу мотивирачки, со потенцијал да се трансформира, па дури и да се револуционизира начинот на кој постарите се обучуваат на сите нивоа. Има јасна можност за сите кои работат во образованието за возрасни да се запознаат со проектните резултати и да ги искористат материјалите за да ги подобрат дигиталните вештини на постарите луѓе.
Повеќе информации за проектот DISK, можете да прочитате на проектната веб-страна: