Во рамки на проектот DISK – Дигитални вештини за Европа која старее, создадена е платформа која обединува различни курсеви за обука, клучни за подобрување на меморијата и вештините за учење на постарите луѓе, како и запознавање со практични услуги поврзани со онлајн купување, разни резервации итн. Преку употреба на оваа обука, постарите луѓе можат да го подобрат когнитивниот капацитет и да го забават падот на меморијата. Иако целна група на овој проект се постарите луѓе, обуката може да влијае позитивно и да ја користат лица од различни возрасти. Таа е флексибилна, а технолошката алатка овозможува содржината на обуката да се менува и прилагодува на индивидуалните потреби за учење.
Курсевите се поделени на 4 макро области, во согласност со научните препораки за подобрување на когнитивните вештини:
- Меморија: Когнитивна функција која му овозможува на мозокот да стекнува, складира, задржува и подоцна добива информации. Ни дава можност да се сеќаваме на минатите искуства, претходно научени факти, искуства, впечатоци, вештини и навики.
- Извршни функции: Вештини како разбирање со луѓе, планирање, регулирање на однесувањето: индуктивно и индиректно расудување, донесување одлуки, креативност, критичко и аналитично размислување.
- Перцепција: Како комуницираме со околината. Способност да согледаме предмет преку нашите различни сетила (вид, слух, допир) и да го препознаеме. Перцепцијата не само што го создава нашето искуство за светот околу нас, туку и ни овозможува да дејствуваме во рамките на нашата околина.
- Внимание: Способност за фокусирање на важни визуелни информации и филтрирање на неважните информации.
Доколку сакате да дознаете повеќе и да бидете дел од нашата обука преку различни игри и курсеви, можете да ги посетите следните страници: