На 5ти Октомври во просториите на SEEU во Тетово се одржа настан “Денови на Социјално претприемништво” каде што се промовираа Социјални претпријатија од Полошки реон, се разговараше за состојбите на социјалното претприемништво во државата и се промовираа проекти за Поддршка на Социјалните претпријатија во Македонија.
Во таа насока, ИРЗ го претстави Net-Works проектот, тригодишен проект финансиран од Еразмус + кој има за цел да воспостави нови национални или регионални мрежи на даватели на образование за возрасни базирани на работа, особено во Португалија, Унгарија, Словачка, Србија и Северна Македонија и да го олесни нивното вклучување во европската соработка.
Партнери на проектот:
- ENSIE (European Network of Social Integration Enterprises, Belgium)
- ISEN (Irish Social Enterprise Network, Ireland)
- AFF (Ateliere Fara Frontiere, Romania, founder of RISE Romania – The Romanian Network of Social Insertion Enterprises)
- GP (Galileo Progetti, Hungary),
- CDI (Community Development Institute, North Macedonia),
- A3S (Associação A3S , Portugal),
- IDC (Initiative for Development and Cooperation, Serbia).