Во рамки на проектот “EmploYouth”, Институтот за развој на заедницата организаира Младинска Работилница, која има за цел да ги запознае младите со работничките права и можностите што ги нуди Агенцијата за Вработување на Република Северна Македонија.
Настанот ќе се одржи во просториите на Институтот за Развој на Заедницата во Тетово со почеток од 17.00 часот. Тоа ќе биде можност сите заинтересирани и засегнати страни да се запознаат со работничките права и можности на Агенцијата за вработување. Агендата и дополнителните информации ќе бидат споделени со лицата кои ќе се пријават за учество.
Ако сте заинтересирани или пак ви се потребни дополнителни информации, Ве молам да не контактирате на нашата емаил адреса info@cdi.mk