Во рамки на проектот “EmploYouth” започнаа нарачки и изработка на промотивни материјали. Овие промотивни материјали имаат за цел да ја зголемат видливоста на самиот проект, што ќе придонесе за повеќе млади лица да бидат дел од проектот и проектните активности.
Овие промотивни материјали ќе бидат споделени со лица вклучени во проектот и лица што ќе учествуваат на некои од активностите предвидени во проектот.
Меѓувремено, подготовките за претстојните активности се во тек и се очекува за брзо време да бидат објавени датумите за истите.
Ако сте заинтересирани за проектот или за учество на на некои од активностите и ви се потребни подетални информации, можете да не контактирате на нашата емаил адреса: info@cdi.mk