Во рамки на проектот Net-Works се изработува MOOC (голем отворен онлајн курс) кој се очекува да биде пуштен во употреба наскоро.
Главната цел на бесплатната MOOC платформа е да изгради и одржи нови локални и регионални мрежи на даватели на образование за возрасни базирани на работа меѓу развиените и помалку развиените мрежи, фокусирајќи се на градење мрежа: вмрежувањ, лобирање и застапување, лидерство и финансиска одржливост, како и споделување знаење/добри практики за поттикнување на меѓусебното учење. По завршувањето на курсот, учениците ќе можат:
- Да се запознаат со вообичаените концепти на социјалната економија за работна интеграција на ранливите возрасни лица: профили на луѓе од обесправени категории, улога на социјални претпријатија за работна интеграција
- Да го разберат поимот мрежа. Зошто и кога е потребно / корисно да се изгради мрежа?
- Како изгледа една мрежа – структурата на мрежата, развивање на застапеност и лидерство
- Кои се придобивките од придржувањето кон мрежата
- Разбирање на концептите на застапување и лобирање и кога да се коирсти еден од нив
- Основно знаење за тоа како се креираат успешни кампањи за застапување
- Како да се направи една мрежа финансиски одржлива
За повеќе информации околу платформата следете не на нашата веб и фејсбук страница.